19ти Симпозиум на ДГКМ

Преглед

19th MASE Symposium — poster

Тема на симпозиумот:

ЕВРОКОДОВИ - Порта кон Европа

19ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2021) ќе се одржи од 15. до 18. Септември, 2021 во Охрид, Македонија. Зависно од актуелната ситуација, истиот ќе се држи во живо, или во комбинација со Е-платформа, овозможувајќи им на тој начин „online“ учество и нa колегите кои нема да се во можност да присутвуваат во живо.

Водејќи сметка дека во септември 2020 година, во паралелна употреба со актуелните прописи за проектирање на конструкции беа воведени Еврокодовите, а ценејќи ја потребата од дополнителна подготовка на инженерскиот кадар за нивна примена, 19. Симпозиум ќе биде посветен токму на оваа тема, со мото „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“.

Од посебен интерес е да се направи споредба и да се истакнат разликите кои произлегуваат од примената на досегашните прописи и на Еврокодовите. Токму затоа, еминентни стручни лица од земјава и регионот ќе одржат повикани предавања на таа тема и ке ја приближат проблематиката на нашата стручна јавност.

Покрај Главната тема „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“ , ќе бидат застапени и останатите теми, а тоа се:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање на конструкции
  • Современи техники за изведба на конструкции
  • Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите
  • Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите
  • Доверливост и трајност на конструкциите
  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство

Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема:

  • Имплементација на Еврокодовите како национални стандарди - размена на искуства во регионот
  • Взаемна поврзаност и усогласеност на регулативата и стандардите за проектирање и изведба на објекти

Пленарни предавачи

19. Симпозиум на ДГКМ

Институции / позиции

Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија

Пленарно предавање

Напредни методи за проектирање на челични конструкции базирани на Еврокод 3

Повеќе Милан СПРЕМИЌ

Институции / позиции

Брандербуршки универзитет за технологија, Котбус, Германија

Пленарно предавање

Новиот Еврокод 3 - Проектирање на челични конструции - Дел 1-1: Општи правила и правила за згради

Повеќе Хартмут ПАСТЕРНАК

Институции / позиции

Универзитет Калифа, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати

Пленарно предавање

Еволуцијата на Еврокод 8 - дел 3: Главни предизвици и клучни промени

Повеќе Андреас КАПОС

Институции / позиции

Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија

Пленарно предавање

Проектирање на бетонски конструкции согласно Еврокод 2 и ПБАБ 87: Споредба на основни пресметки

Повеќе Ненад ПЕЦИЌ

Институции / позиции

Виш главен инженер и потпретседател, Wiss, Janney, Elstner Associates, Inc., Нортбрук, Илиноис, САД

Пленарно предавање

Практична примена на недеструктивни тестови при проценка и поправки на конструкции

Повеќе Предраг ПОПОВИЌ