Тргнувајќи од оценката за придонесот на истакнати поединци - градежни конструктори од Република Македонија во остварувањето на програмските и статуарните цели на ДГКМ, креативната примена на конструктерските знаења и техничко-технолошките достигнувања и, преку тоа, промовирањето и зајакнувањето на општествената позиција на градежното конструкторство, како и генерално, за досегашниот развој на друштвото на градежните конструктори на Македонија, Собранието на ДГКМ доделува назив Заслужен член на ДГКМ.
Називот Заслужен член на ДГКМ се доделува само на градежни конструктори, државјани на Република Македонија. Називот Заслужен член на ДГКМ се доделува за прв пат по повод на 25-годишнината на ДГКМ(1976-2001).