ДГКМ 17

Преглед

Главна тема:

ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ И КОНСТРУКЦИИ

17. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2017) ќе се одржи од 4 до 7 октомври 2017 година во Охрид, Република Македонија. Симпозиумот ќе биде фокусиран на прашања поврзани со градежното конструкторство, со акцент на однесувањето на конструкциите под влијание на вонредни дејства и природни непогоди, како што се: земјотреси, екстремно високи и ниски температури, пожари, ветер, експлозии, поплави, свлечишта, лавини и др. Главната цел на симпозиумот е да обезбеди форум каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаења и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработка во областа на градежништвото. Поканети се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродните области.

Главни теми
  • Сеизмичко проектирање на конструкции
  • Отпорност на конструкциите на пожар и експлозии
  • Климатски влијанија врз конструкциите, како екстремно високи и ниски температури и ветер
  • Влијание на поплави, лавини и свлечишта врз конструкциите
  • Превенција од непогоди и намалување на последиците врз конструкциите
Други теми
  • Теориска и експериментална анализа на конструкции
  • Современи методи за проектирање на конструкции
  • Еврокодови и национални анекси
  • Современи методи за градење
  • Современи материјали и технологии за одржлив развој
  • Сигурност, робусност и трајност на конструкциите
  • Мониторинг, одржување, зајакнување и санација на конструкции
  • Инфраструктурни објекти
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство

Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, во рамките на Симпозиумот ќе биде организирана тркалезна маса на тема „Законот за градење и потребите од измени и дополнувања“. Втората тркалезна маса на тема „Имплементација на Регулативата за градежни производи – CPR 305/2011“ ќе биде организирана во соработка со CEN – Европскиот комитет за стандардизација.

Пленарни предавачи

17. Симпозиум на ДГКМ

Институции / позиции

Универзитет во Нови Сад, Факултет за технички науки, Србија

Пленарно предавање

Проценка на сеизмичкото однесување на армиранобетонски рамковни конструкции

Повеќе Đorđe Lađinović

Институции / позиции

Консултант на CEN за градежништво и инженерство, Италија

Пленарно предавање

„Квалитетна инфраструктура во Западен Балкан“, проект финансиран од SIDA/EFTA и реализиран од CEN

Повеќе Giancarlo Bedotti

Институции / позиции

Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, УКИМ, Скопје, Македонија

Пленарно предавање

Оштетувања од низата земјотреси во Централна Италија во 2016 година

Повеќе Mihail Garevski

Институции / позиции

Оддел за градежништво, AAU, Данска

Пленарно предавање

За мултихазардна рамка за оценка на ризикот, робусноста и отпорноста на конструкциите и инфраструктурните системи

Повеќе Michael Havbro Faber

Институции / позиции

Научен истражувач, Природни ресурси на Канада, Геолошки завод на Канада, Квебек, Канада

Пленарно предавање

Законодавство за градежни производи – закони, правилници и стандарди

Повеќе Miroslav Nastev

Институции / позиции

Професор на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија, Софија, Катедра за армиранобетонски конструкции

Пленарно предавање

Методи и алатки за проценка на ризикот од природни непогоди: користење на знаењето за разбирање на повредливоста и спроведување мерки за ублажување.

Повеќе Marina Traykova

Институции / позиции

Професор на Факултетот за машинство, Универзитет за наука и технологија во Нанџинг, Нанџинг, Кина

Пленарно предавање

Запаливост на изолациони материјали за згради и гаснење со водена магла

Повеќе Xu Qiang

Институции / позиции

Универзитет во Белград – Градежен факултет, Белград, Србија

Пленарно предавање

Дејство на ветерот врз конструкциите според Еврокод – специфики во однос на претходните прописи

Повеќе Marković Zlatko

Институции / позиции

Катедра за техничка механика и теорија на конструкциите, Градежен факултет Скопје, Македонија

Пленарно предавање

Управување со сеизмичкиот ризик – македонско искуство

Повеќе Elena Dumova Jovanoska

Институции / позиции

Оддел за градежништво и животна средина, Универзитет во Фиренца, Италија

Пленарно предавање

Сегашни и идни предизвици во проектирањето на конструкции за ветерна енергија

Повеќе Claudio Borri