20. Меѓународен симпозиум на ДГКМ

Преглед

20th MASE Symposium — poster

Тема на симпозиумот:

Отпорни конструкции

Претстојната 2023 година ќе биде одбележана со 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, историски моќен потсетник за значењето и одговорноста на нашето професионално делување. Настан кој означува пресвртница во македонското, но и европското градежно контрукторство. Оттука, 20. Симпозиум на ДГКМ ќе овозможи рефлексија на целокупното стекнато и применето знаење во изминатите шест децении во областа на асеизмичкото проектирање, но и дискусија за предизвиците кои ни претстојат. Во фокусот на симпозиумот ќе бидат и глобалните предизвици поврзани со климатските промени и ефектите кои тие ги имаат врз конструкциите, опфаќајќи ги концептите на робустност, приспособливост, одржливост, трајност, долготрајно менаџирање и доверливост на конструкциите. Во тој контекст, темата на 20. Симпозиум на ДГКМ е “Отпорни конструкции”.

На свеченото отворање ќе биде одбележана и 74-годишнината од основањето на Градежен факултет при УКИМ во Скопје, институција која е најзаслужна за постоењето на ДГКМ.

На симпозиумот ќе гостуваат избрани светски експерти од областа со повикани предавања. На локацијата на која ќе се одржува симпозиумот ќе биде обезбеден специјален изложбен простор за спонзорите и поддржувачите на настанот. Ќе бидат прифатени научни и стручни трудови од главната тема, но и од дополнителните теми во продолжение:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање и изведба на конструкции
  • Следење на состојбата, однесувањето и оштетувањата на објектите
  • Одржување, поправка и зајакнување на објектите
  • Доверливост и трајност на конструкциите
  • Информациски и БИМ технологии во градежното конструкторство
  • Современи материјали и технологии за одржлив развој
  • Паметни згради и инфраструктурни објекти
  • Отпорни градови

Пленарни предавачи

20. Симпозиум на ДГКМ

Институции / позиции

Претседател на Меѓународната асоцијација за мостови и градежно конструкторство (IABSE)
Виш технички директор, COWI, Данска
Придружен професор на Техничкиот универзитет на Данска (DTU)

Пленарно предавање

Рекордни мостови со големи распони, од фиксната врска Great Belt до Stonecutters и мостот Чанакале 1915

Повеќе Tina VEJRUM

Институции / позиции

Технички универзитет во Истанбул, Турција
Раководител на турската делегација во fib

Пленарно предавање

Земјотресите во Кахраманмараш во 2023 година и научените лекции за градење отпорни градови, со фокус на Истанбул

Повеќе Alper ILKI

Институции / позиции

Центар за обука и истражување за намалување на сеизмичкиот ризик (ROSE Centre), IUSS Павија, Италија

Пленарно предавање

Европски истражувачки синергии кон пристапи за ублажување водени од загубите и ризикот

Повеќе Gerard O’REILLY

Институции / позиции

Рурски универзитет во Бохум, Германија

Пленарно предавање

Одржливо бетонско инженерство – стратегии за постојни и нови конструкции

Повеќе Peter MARK

Институции / позиции

Универзитет на Британска Колумбија, Ванкувер, Канада
Директор во Меѓународната асоцијација за земјотресно инженерство (IAEE)
Претседател на Српската асоцијација за земјотресно инженерство (SAEE)

Пленарно предавање

Сеизмичка отпорност на згради од омеѓена ѕидарија

Повеќе Svetlana BRZEV

Институции / позиции

Технички директор за зоната CEE & ME,
Freyssinet International & Cie, Франција

Пленарно предавање

Отпорни мостови во сеизмички подрачја

Повеќе Marco NOVARIN

Институции / позиции

Градежен факултет, Универзитет во Загреб,
Раководител на Хрватскиот центар за земјотресно инженерство

Пленарно предавање

Земјотресите во Хрватска во 2020 година: од процесот на проценка на штетите до националните стратегии

Повеќе Josip ATALIC

Институции / позиции

Директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Професор по геотехничко земјотресно инженерство

Пленарно предавање

Скопскиот земјотрес од 1963 година

Повеќе Vlatko SESOV

Институции / позиции

Вонр. проф., Швајцарски федерален технолошки институт
ETH Цирих, Швајцарија

Пленарно предавање

Проширени близнаци: физика и податоци во поддршка на виртуелизацијата на конструктивните системи

Повеќе Eleni CHATZI

Институции / позиции

Проф. д-р инж., Рурски универзитет во Бохум
Германија

Пленарно предавање

Идни стандарди за определување на општите дејства за проектирање на конструкции и компоненти

Повеќе Rüdiger HÖFFER

Под покровителство на

Организатор

Коорганизатори и поддржувачи

Платинести спонзори

Златни спонзори

Сребрени спонзори

Медиумска поддршка